ТЕРОРИСТИTE ИЗБЕГАЛЕ ВО БЕЛ „РЕНО“! Објавени фотографии од напаѓачите? Ова е автомобилот по кој трага руската полиција по МАСАКРОТ (ФОТО)

Терористите кои ја нападнаа салата „Крокус“ ​​во Москва, наводно побегнале од местото на злосторството со бел автомобил „рено“.

На фотографијата што ја објавија руските медиуми се гледа рено со бела каросерија и затемнет заден прозорец.

За потсетување, вечерва наводно бил уапсен еден напаѓач.

Според последните информации, загинале 40 лица, а повеќе од стотина се ранети.

Нападот во Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, започна кога три маскирани лица отворија оган пред концертот на групата Пикник.

Тие пукале во луѓе од непосредна близина и наводно фрлале запаливи бомби што предизвикале голем пожар.

Изгоре речиси целата сала, но конструкцијата се уште стои.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.