Турчин прегазил 77-годишна скопјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Седумдесет и седумгодишна скопјанка е тешко повредена откако бил прегазена од Турчин на паркинг во Скопје.

„На 24.03.2024 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Петре Георгиев“ патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.М.(34) од Р.Турција, удрило во М.Ќ.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: