Снимката од дрон ги открива вистинските размери на ужасот откако брод удрил во мост во Балтимор, кој после тоа се урнал.
На снимката се гледа голем товарен брод како сè уште стои насред река, додека делови од мостот се урнале под водата.
До инцидентот дошло во околу 1:30 часот, а бројни возила завршиле во вода.
— Pluton (@Pluton45873221) March 26, 2024
Полицијата трага по исчезнати лица, а засега не е познато колку луѓе се во студената река.
Властите споменуваат бројки од седум до најмалку 20 луѓе.
Да потсетиме, мостот „Френсис Скот Ки“ се урна рано утрово, откако во него удри товарен брод.
Две лица, во меѓувреме, се извлечени од реката Патапско.
Од локалната полиција навеле дека водата имала температура од околу минус 1 степен Целзиус во моментот на рушење на мостот.



