Вооружениот киднапер влегол во автомобилот во кој седеле децата. Храбрата реакција на момчето ги воодушеви неговата мајка и полицијата.
Пред три години се случи голема трагедија во Алабама, САД. Имено, 9-годишното момче Итан Вокер бил на задното седиште во автомобилот со неговата 6-годишна сестра Одри, и тоа бил сосема обичен ден.
Додека неговата мајка Кристин Вокер полнела бензин, од соседниот автомобил излегол маж и се качил на предното седиште на автомобилот каде седеле децата.
Кристин, која била бремена, изјавила: „Буквално скокнав врз него и ги извадив клучевите“, по што мажот потоа извадил пиштол.
„Во тој момент, Итан излегол од автомобилот и многу брзо со него ја извлекол и својата сестра“, изјавила Кристин. Тогаш мажот им го украл автомобилот и побегнал.
Кристин се чувствува многу благодарна за брзата реакција на нејзиниот син. Таа додаде: „Итан беше многу смирен и присебен цело време“.
Полицијата подоцна ги пронашла двајца осомничени, 18-годишниот Кендаријан Торан и 23-годишниот Ерик Вајт. Двајцата се во притвор и го чекаат обвинението.
Полицијата решила на посебен начин да му се заблагодари на Итан за неговиот „храбар чин“, а Итан, според зборовите на неговата мајка, е „многу возбуден“ поради тоа.