,,Не сакам пејачка за снаа!” – Пејачот даде чудна изјава: Син му е фудбалер а сепак татко му му избира жена (фото)

Пејачот Бобан Рајовиќ е исклучително горд на своите деца – две ќерки и син, кои својата кариера ја градат далеку од ревијалните води.Неговиот син Андрија привлекува големо внимание во јавноста, а Бобан никогаш не криел дека неговиот наследник има и музички талент, но сепак избра поинаков пат од татко му и се посвети на фудбалот.Младиот Рајовиќ порасна во младинскиот систем на Црвена Ѕвезда, кој го напушти во јули 2019 година и се испроба во неколку други клубови. Сега гради кариера во Данска, посветен е да работи на мускулите и е многу популарен на социјалните мрежи.– Навистина мислам дека моите деца се успешни и се гордеам со нив. Сите мислат дека е лесно за славните деца, особено за мојот син, а тој мораше да работи двојно повеќе во фудбалот за да успее – изјави Бобан, а потоа откри дали му пречи на синот во изборот на девојки кои излегуваат со него.– Ќе се обидам со сите сили да го посоветувам да ја препознае својата вистинска среќа. Природно е дека ќе се заљуби во некоја што ќе му одговара на неговиот темперамент, но мислам дека и јас сум доволно адекватен да препознаам која жена му е адекватна а која не и ќе влијаам колку што можам, но на крајот тој е тој што бира – искрен беше Бобан кога призна дека синот не го гледа покрај пејачка.– Сериозно ги почитувам и ценам моите колеги и тоа не е лесна работа, но мислам дека не би сакал мојот син да земе пејачка. Не затоа што имам нешто против, но не знам како би функционирало со толку различни кариери – изјавил пејачот.

Пронајдете не на следниве мрежи: