Надал повторно е повреден, ги пропушта турнирите во Монте Карло и Шпанија?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се соочува со нова повреда на грбот, објави шпанскиот весник „Спорт“. Според тврдењата на весникот, Надал ќе мора да паузира уште шест недели, што значи дека ќе се повлече од турнирите во Монте Карло, Мадрид и Барселона, каде што планираше да настапи.

Исто така, постои можност да го пропушти и Мастерсот во Рим, кој би бил негов единствен подготвителен турнир пред Ролан Гарос.

Ова не е првпат оваа сезона Надал да биде принуден да с еповлекува од настапите поради повреда. Со оглед на тоа што се бореше со разни здравствени проблеми, оваа сезона е исклучително предизвикувачка за шпанскиот тенисер.

Пронајдете не на следниве мрежи: