Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09:30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: