Блинкен: Успехот на израелските одлуки ќе го мериме според хуманитраната ситуација во Газа

САД ги поздравуваат последните одлуки на Израел да дозволи доставување поголема хуманитарна помош во Појасот Газа, но нивниот успех ќе се мери со резултатите на теренот, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Зборувајќи со лидерите на ЕУ во Белгија, тој додаде дека САД ќе следат како ќе се одвива ситуацијата во наредните денови и недели, пренесуваат британските медиуми.

Блинкен рече дека Вашингтон „внимателно ќе ги следи“ специфичните индикатори како што е бројот на камиони кои пристигнуваат во Појасот Газа, како и проценката на ризикот од глад.

Пронајдете не на следниве мрежи: