Ниту едно лице не е повредено во пукањето во Тетово, информираат од МВР.
– Во 22.45 часот М. Т. од Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење кон неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.