(Видео) Јакимовски: Треба да направиме функционална пазарна економија, да има инвестиции, кога за младите ќе биде атрактивен приватниот сектор вработувајте си ги вашите партиски кадри!

Зошто дијаспората да не гласа електронски? Гледате, како зборуваме, да создадеме услови за младите ама во администрација. Ние треба да направиме функционална пазарна економија, да има инвестиции, кога за младите ќе биде атрактивен приватниот сектор вработувајте си ги вашите партиски кадри. Ако во приватен сектор зема 2.000 евра, а во администрација 500, никој нема да сака да оди во администрација.

Функционален пазар на труд значи ако утре даде отказ, за два дена да најде подобра работа, така ќе се вратат младите во Македонија.

Aко нас нѐ праша некој да инвестира во Република Македонија, освен слободните зони, Чебрен и Галиште, ние немаме друг проект да го понудиме. Клучот е да се понудат проекти кои чинат милијарди, тоа значи нови инвестиции, работни места, атрактивни плати, а најдобрите млади треба да одат во стопанството, не во администрацијата. Ние тотално сме изгубени во делот на стопанството, енергетиката, железницата, земјоделството, губиме пазари, а никој не реагира.
Нели е чудно што 30 години ги спроведуваме политиките на Западот и ЕУ? Каkо нивните земји се полнат, а нашата се иселува. Ние немаме ниту еден институт да види дали тие политики допринесоа за иселување на младите луѓе, кои се резултатите на тие политики?

https://www.facebook.com/jakimovskis/videos/1444215216184569

Пронајдете не на следниве мрежи: