Прегазено дете во Топанско поле

Вчера во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштува МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: