четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дали е здраво да се спие во целосен мрак?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пред појавата на модерната технологија, на располагање имавме само два основни извори на светлина – Сонцето и Месечината. Сонцето ни помогна да гледаме во текот на денот, а месечината нè заспиваше во текот на ноќта.

Модерните времиња не оддалечија од природата и се изложуваме на светлина дури и во текот на ноќта. Вештачката светлина може негативно да влијае на здравјето на целото тело, а истражувањата покажаа дека дури и благата вештачка светлина за време на спиењето може да го оштети мозокот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вештачката светлина го зголемува нивото на хормоните на стрес во текот на ноќта, а честото изложување на вештачка светлина за време на спиењето го зголемува ризикот од хронично воспаление, отпорност на инсулин и кардиоваскуларни болести. Спиењето со вештачка светлина може да предизвика несоница и да предизвика хормонален дисбаланс, пишува „Centar zdravlja“.

Мелатонин е хормон неопходен за релаксација и сон, а вештачката светлина го нарушува ослободувањето на мелатонин. Тоа е мелатонин кој го намалува крвниот притисок, гликозата и температурата на телото. Сепак, ослободувањето на мелатонин драстично се намалува во присуство на светлина.

Научниците открија дека луѓето кои спијат со вештачка светлина имаат 50% помалку мелатонин во нивните тела. Токму поради оваа причина тие препорачуваат спиење во свежа, проветрена и темна просторија.

Многу побрзо ќе заспиете ако лежите во темна просторија, а ќе го намалите и ризикот од рак, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и несоница. Покрај тоа, наутро ќе се разбудите поодморени ако спиете во целосен мрак отколку ако спиете со вештачка светлина.

Поврзани вести