Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд



Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени

Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со умерена облачност, а попладне, како што информираат од Управата за хирдометеоролошки работи (УХМР) наместа ќе има зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Извор: УХМР

Минималната температура се движи во интервал од два до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 16 до 26 степени. 

Во Скопје, според синоптичарите се очекува слично време, сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.  

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: