Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табило во третото коло на Мастерсот во Рим, пренесува Танјуг.
Овој дуел е планиран како трет натпревар во денот на Централниот терен, а нема да започне пред 14 часот. Табило е 32. тенисер во светот, а против Ѓоковиќ никогаш во кариерата не играл.
Српскиот тенисер вчера одработи тренинг, а на теренот дојде со кацига на главата и на шега испрати порака дека се е во ред откако „случајно“ беше удрен со шише во глава по мечот од второто коло против Корентан Муте. .
На теренот против Тиаго Монтеиро ќе биде и Миомир Кечмановиќ, а мечот меѓу Србинот и Бразилецот ќе се игра на „Пјетранѓелија“ како прв од првите од 11 часот.