Со тоа, како што информира Регулаторната комисија за енергетика, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин еуросупер БС-95 84,50 (денари/литар), моторен бензин еуросупер БС-98 – 86,50 (денари/литар), дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 74, 00 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,602 денари по килограм и сега ќе изнесува 44,007 денари за килограм.
Новите цени ќе станат активни од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со тоа, како што информира Регулаторната комисија за енергетика, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин еуросупер БС- 95 84,50 (денари/литар), моторен бензин еуросупер БС – 98 – 86,50 (денари/литар), дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм).
Од РКЕ напоменуваат и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.