Полицијата соопшти дека вчера во полициската станица во Петровец, било пријавено исчезнување на 20 годишна девојка од скопското село Мралино. Таткото го пријавил случајот, а исто така било пријавено дека најверојатно се наоѓала во Гостивар, кај нејзиното поранешно момче.
„Вчера во 20.00 часот во Полициското одделение Петровец, 51-годишниот Љ.Џ. од село Мралино, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка, 20-годишната В.Г. Според пријавеното, таа е најверојатно во Гостивар, кај нејзиното поранешно момче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во соопштението на МВР.



