„Најтешко ми е што немам сопствена куќа“: Тања Савиќ откри дека кога ја планира венчавката со Муки тоа им ги ремети плановите

Пејачката Тања Савиќ зборуваше за љубовта со 11 години помладиот партнер, како и за плановите за во иднина.Тања Савиќ и пилотот Муки Бешиќ уживаат во својата љубов која повеќе не ја кријат од очите на јавноста, а момчето на пејачката го прифатија и нејзините синови со кои е во одлична врска.Иако многу деца на разведени родители тешко ги прифаќаат своите нови партнери, Тања е среќна што пронашла човек кој знаел како да ги освои нивните срца.– Муки ги разгали, умерено. Тој е само вистинскиот модел за нив, како треба да се однесува таткото кон своите деца. Тој има авторитет над нив, момчињата се на 12 и 13 години. Јас сум грижлива мајка, отсекогаш сум била  – рече Савиќ и додаде:– Моите синови го викаат Муки, имаат свој татко. Тој е нивен пријател, се трудиме да им го подобриме животот.Тања се осврна и на свадбата и проширувањето на семејството за кое сонува. Со оглед на тоа што ѝ претстои голем концерт, како и дека има нерешено станбено прашање, ова се првите работи што треба да ги реши пред да го каже судбоносното „да“ .– Кога ќе го завршам албумот, Арена, тогаш ќе има свадба. Бидејќи немам сопствена куќа, немам свој двор, планирам да го направам тоа, кога ќе се средам, кога ќе наполнам 40+, тогаш ќе планирам и свадба. Само за здравје да служи. Би сакала мало девојче, би го сакала тоа,   – истакнала пејачката. Тања откри каде живеат сега, и дека белградската арена е одамна закажана.– Засега сме во станот. Кога ќе имам своја куќа, двор… Малку ми е смешно, но навистина немам куќа. Тоа ми е најтешко. Арената ќе биде таму, го знам датумот, но се уште не е објавен – истакна пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи: