Алтернатива потврди: Гаши нов собраниски спикер, наскоро и нова Влада

Од албанската коалиција Вреди информираат дека со ВМРО-ДПМНЕ успешно го завршиле процесот на интегрирање на изборните програми.

„Работните групи на ВЛЕН, како легитимен претставник на албанците и ВМРО ДПМНЕ како победничка партија во рамките на преговорите за формирање на новата влада успешно го завршија процесот на интегрирање на изборните програми и постигнаа договор за претседател на Собранието да се предложи Африм Гаши“, велат од партијата.

Тие додаваат дека работните групи интензивно продолжуваат со преговорите до финализирање на договорот за вториот и третиот ешалон.

„Многу брзо како држава ке добиеме европски ориентирана влада, посветена за економски развој, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, велат од Вреди.

Пронајдете не на следниве мрежи: