Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеник

Претседателката на Верификационата комисија Дафина Стојановска рече дека Комисијата ги разгледала извештаите на Државната изборна комисија за изборите и дополнителните избори во изборните единици 5 и 6 и изјавата на Биљал Касами во која тој бара да не му се верифицира неговиот мандат и дека врз основа на тоа за пратеници се избрани вкупно 118 пратеници.

Димитар Апасиев од „Левица“ забележа дека извештајот на ДИК не соодветствува со извештајот на Верификационата комисија и го оспори барањето на Касами за кој рече дека свесно потпишал оти ќе учествува во изборната трка и добил уверение од ДИК за пратеник и дека не може да се откаже од нешто што го нема.

– Касами е избран за пратеник и по сила на законот сега треба да има избори за градоначалник на Тетово. На пратеник му истекува мандатот и може да му биде одземен само според Уставот. Пратеник може да поднесе оставка, но на собраниска седница. Собранието треба да му одземе мандат, а не Верификационата комисија како што направивте вие, рече Апасиев.

Побара одговор зошто Верификационата комисија ја констатирала оставката на Касами, а не Собранието.

Талат Џафери, кој ја извршува функцијата премиер во техничката Влада, рече дека не може да има две функции во исто време и дека од таа причина нема да учествува во работата на Собранието до изборот на новата влада

Пронајдете не на следниве мрежи: