Израел ги советува своите граѓани да не патуваат на Малдиви

Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши.
Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство, објави Ројтерс.

Од Министерството посочуваат дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдиви да размислуваат да ја напуштат таа земја, бидејќи доколку се најдат во неволја, Израел нема да може така лесно да им помогне.
Малдивите денеска соопштија дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, објави индискиот медиум WION.
Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдивите, Али Ихусан, изјави дека претседателот на земјата Мохамед Муизу на седница на владата донел одлука да им забрани на лицата со израелски пасоши да влезат во земјата.

Овој потег уследи откако претседателот на Малдиви задолжи специјален пратеник да ги слуша палестинските барања во врска со војната во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи: