(Видео) Мециновиќ: Со Таравари, за кој велевте дека е криминелец, сега наоѓате заеднички јазик

– Со вашиот сегашен коалициски партнер за кој велевте дека е криминалец, Таравари, сега ќе најдете нов, заеднички јазик – истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, обраќајќи се кон пратениците од ДПМНЕ во контра – репликата на собраниската седница. 

Мециновиќ се осврна кон состојбата во советите на локално ниво, потврдувајќи дека и таму функционира широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ. 

– Јас доаѓам од Град Скопје како советник во Град Скопје каде вашата градоначалничка владее, чиј последен извештај, годишниот извештај за буџетот го гласаа вашите советници заедно со СДС и ДУИ. Така е и во Велес, така е и со Нефи Усеини – појасни Мециновиќ, обраќајќи се кон пратениците од ДПМНЕ. 

Според Мециновиќ, тоа се индикаторите за материјалните околности кои од ДПМНЕ, едноставно, ги игнорираат.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: