Лејди Гага се осврна на гласините за бременоста во видео на TikTok каде ја покажа како се шминка, пишувајќи на објавата: „Не сум бремена, само лошо стојам со теретана“.38-годишната пејачка ги поттикна гласините за бременост откако неодамна се појави на свадбата на нејзината сестра Натали Германот.„Сан“ објави фотографии од венчавката на која Гага носеше тесен црн фустан кој ги истакна нејзините облини. Социјалните мрежи веднаш беа преплавени со лавина коментари во кои фановите почнаа да шпекулираат за бременоста на пејачката. Сепак, таа сега ги демантираше гласините.Пејачката е во врска со 46-годишниот претприемач Мајкл Полански повеќе од четири години. Во 2020 година, во едно од интервјуата, Гага откри дека многу би сакала да стане мајка.,,Ќе кажам дека сум многу возбудена што ќе имам деца. Со нетрпение очекувам да станам мајка. Зарем не е неверојатно што можеме да го направиме тоа? Можеме да имаме личност во нас и да ја оставиме да расте. Потоа ќе излезе и мораме да ja задржиме во животот“, рече тогаш таа.
Пронајдете не на следниве мрежи: