Професорката Мирјана Најчевска сподели порака која ја добила од собранискиот спикер, Африм Гаши. Тој се претставил како нејзин поранешен студент и укажал дека сака телефонски да исконтактира со неа. Таа возврати дека не се сеќава на него како студент. Најчевска смета дека Гаши не ја заслужува спикерската позиција во Собрание.
Инаку, во медиумите се појави изјава на Гаши дека Косово е негова татковина, по што тој се објасни дека негова татковина е Македонија, а татковина на неговите родители е Косово. Најчевска го критикуваше за овој потег.