12 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие

12 пожари вкупно на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните активни, се водат четири пожари во: Општина Градско, помеѓу селата Виничани и Свеќани (нискостеблеста шума и сува трева); Општина Кичево, с.Цер (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека); Општина Ново Село, месност „Хаџиица“, на граница со Бугарија (букова шума) и во Општина Дојран, помеѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија). – информираат од ЦУК.

Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во: Општина Кичево, с.Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре);
Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, 3, кај м.в. „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во с.Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во с.Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, м.в. „Расадиште“ (сува трева).

Пронајдете не на следниве мрежи: