Лога: „Тврдокорните“ сега се во Влада, нема да протестираат за враќање на името – „Името не го даваме“ беше сапуница за да дојдат на власт

„Тврдокорните“ сега се во Влада, нема да протестираат за враќање на името – „Името не го даваме“ беше сапуница за да дојдат на власт – напиша на Фејсбук Кренар Лога.

– Дали тврдокорните ќе протестираат пред Собранието на РСМ за враќање на името Македонија? Нормално дека НЕ, тие сега се во влада. Во програмата на новата влада нема ветување за враќање на старото уставно име, ниту за нов задолжителен референдум. „Името не го даваме“ беше сапуница за да дојдат на власт. Сите ветувања ќе ги прекршат, најважно е дека евроатлантската ориентација на земјата ќе ја зачуваат со Стоилковиќ. – напиша на Фејсбук доскорешниот министер за правда, Кренар Лога.

Пронајдете не на следниве мрежи: