(ВОЗНЕМИРВАЧКО ВИДЕО) Објавено ново видео од Дагестан: Напаѓачите одат по улица и пукаат

Како што објави украинскиот канал „Канал 5“ на платформата Икс, напаѓачите кои денеска отворија оган во Дагестан биле забележани како пукаат на улица, додека еден од напаѓачите влегува во полициски автомобил и претура по работите.

Денеска имаше напад на црква и синагога во градот Дербент, во Република Дагестан, соопшти шефицата на прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, Гајана Гариева, додека напад имало и во Махачкала, како што пренесува „Риа Новости“, каде непознати лица пукале кон сообраќајната полиција, во нападот неколкумина се ранети.

„Во престрелка меѓу непознати напаѓачи и руски безбедносни сили во Махачкала (Дагестан), загинаа 5 полицајци, а 9 се ранети“, се наведува во споделеното видео.

Според тамошните медиуми, во црквата биле убиени и две лица.

„Според информациите од дежурното одделение на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, околу 18:00 часот (што се совпаѓа со московско време) во Дербент, непознати лица пукале од автоматско оружје кон синагогата и црквата“, изјави Гајана Гариева.

Како што тврдат на социјалните мрежи, напаѓачите по нападот ја запалиле синагогата.

Пронајдете не на следниве мрежи: