Христијан Мицкоски пред малку го напушти Собранието како премиер на Република Македонија. Мицкоски влезе во службеното возило и се упати во непознат правец.
На секој премиер по службена должност му следува полициско обезбедување личен шофер како и службен автомобил.
Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани беше изгласана новата Влада.
Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментов е немоќен.