(Фото) Пожар блиску до куќите на селото Грнчиште – мештаните со трактори на терен го бранат селото од пожарот!

ЦУК: Пожар блиску до куќите на селото Грнчиште, Општина Градско – пожарникарите од Велес, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен го бранат селото од пожарот

Од доцна попладне пожарникарите се борат со нов пожар кај село Грнчиште, Општина Градско, што е блиску до куќите на селото, каде што гори сува трева нискостеблеста вегетација. Општината побара помош, бидејќи немала ниту ПП сили ниту ресурси. Притоа, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, иако се и на гаснење на други пожари, кога го ставија под контрола пожарот кај с. Оризари отидоа на помош.

Пожарникарите од Велес, со едно ПП возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен дејствуваат врз пожарот и го бранат селото. Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти. Инаку, заради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка.

Другите ПП единици во тој дел од државата се ангажирани на други пожари на отворено, а во тој реон најмногу се ангажирани за гаснење на големиот пожар кај с. Пепелиште.

Пронајдете не на следниве мрежи: