Потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување, Марош Шефчовиќ, рече дека договорите потпишани денеска дополнително ќе го нагласат партнерството меѓу ЕУ и Србија и посочи дека ќе ја отворат вратата за најголемите странските директни инвестиции во историјата на Србија.
„Зборуваме за историски ден за Србија, како и за Европа“, рече Шефчовиќ по потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила, што го потпиша во име на ЕУ.
Тој посочи дека со потпишувањето на Меморандумот и Србија и ЕУ веќе докажуваат дека веќе живеат во ера на чиста технологија.