(Фото) Ова е брачниот пар уапсен за помагање на осомничениот за убиството на полицаецот: Блогерката и наркодилер зад решетки

Ивана Р., која вчера била уапсена во Младеновац, поради сомнение дека таа и нејзиниот сопруг Зоран Р., кому му биле ставени лисици во Бјелина, му помогнале на осомничениот за убиство на полицаецот Никола Крсмановиќ и ранувањето на неговиот колега Вјекослав В., во Лозница, на социјалните мрежи се претставувала како инфлуенсерка.

„Постои сомнеж дека двајцата заедно го договориле транспортот на осомничениот Фатон Хајризи, кој во меѓувреме беше лоциран од српската полиција по што беше ликвидиран“, соопшти Ивица Дачиќ.

Како што пишуваше „Курир“, нејзиниот сопруг Зоран Р. од претходно е познат на полицијата бидејќи пред Специјалниот суд во Белград бил осуден на осум години затвор за трговија со дрога, но избегал и по него била распишана потерница. Според неофицијални информации, во себе тој имал документи на Марко Марковиќ.

„Ивана живее во Младеновац и има три деца. Се венчале во 2020 година“, вели изворот на „Курир“.

Ивана Р. на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат скоро 12.000 луѓе, а таа главно ги советува мајките како да заработат од дома. Во една објава го споменала и сопругот.

„На 18 години забременив и го напуштив училиштето, работев во ноќи клубови како хостеса. Подоцна го запознав човекот на мојот живот, се омажив и родив уште 2 деца, тој работи во странство“, зборувала таа и меѓу другото, во јавно видео нагласила дека „поминала низ рај и пекол“.

Инаку, на „Фејсбук“ објавила само две фотографии со сопругот.

Да потсетиме, нејзиниот сопруг бил уапсен во март 2019 година и тоа како мозокот на криминална група од која на граничниот премин Градина биле запленети 1,1 тон марихуана. Со Зоран Р., тогаш наводно била уапсена и неговата тогашна избраница Данијела Д.

„Како што се сомневало, шверцот го организирале Зоран Р и неговата тогашна партнерка Данијела Д. Во камионите кои ја превезувале дрогата биле направени бункери. Нејзината задача била да изнајмува камиони и да бара возачи, додека Зоран Р. бил мозокот на секоја акција. Наркотиците патувале од Србија преку Бугарија до Турција, која била крајната дестинација“, своевремено открил извор на „Курир“.

Како што е откриено при апсењето, тој со себе имал фалсификувани документи, а таксистот кој го возел Хајзири, по апсењето изјавил дека му рекол да оди кај извесен Марко Марковиќ, „кој е сопственик на хотел во Бјелина“.

Пронајдете не на следниве мрежи: