Украинската политичарка Ирина Фарион им подлегна на повредите по атентатот

Украинската екстремно десничарска политичарка и поранешна пратеничка Ирина Фарион почина вечерва во болница по обидот за атентат, откако непознат напаѓач попладнево ја застрелал пред куќата во која живеела, објави на Телеграм градоначалникот на Лавов, Андриј Садови.

„Жителите на градот Лавов изразуваат искрено сочувство до семејството и сите кои ја познаваа и сакаа. Ова е многу застрашувачко“, рече градоначалникот.

Смртта на Фарион ја потврди и Наталија Матолинец, раководител на одделот за анестезиологија.

„Кај нас беше примена во критична состојба со тешка прострелна рана во главата. На одделот за интензивна нега беше извршена операција, а потоа беше префрлена на одделот за интензивна нега на понатамошно лекување, но срцето на пациентката не можеше издржи, во оваа ситуација медицината беше немоќна“, рече Матолинец.

Како што пренесуваат украинските медиуми, напаѓачот ја начекал поранешната пратеничка во близина на куќата, а кога таа излегла, притрчал до неа и ја застрелал.

Пронајдете не на следниве мрежи: