Трамп по повлекувањето на Бајден: Тој е најлошиот претседател во историјата на земјата

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, вечерва се огласи само неколку минути откако актуелниот претседател на САД Џозеф Бајден објави дека се повлекува од изборната трка.

Во телефонски разговор за Си-Ен-Ен, Трамп рече дека Бајден е „најлошиот претседател во историјата на земјата“.

Тој рече дека мисли дека потпретседателката Камала Харис „ќе биде полесно да се победи од Бајден, иако сè уште не е познато дали таа ќе биде демократска кандидатка за претседател“.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се повлече од кампањата за втор мандат на претседателските избори во ноември, со став дека тоа е во најдобар интерес на неговата партија и земја и дека ќе се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.