Вучиќ за повлекувањето на Бајден: Ќе ви откријам тајна, Мишел Обама влегува во кампањата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја коментираше одлуката на Џо Бајден да не се кандидира за реизбор на претседателските избори во САД, кои се одржуваат во ноември.Зборувајќи за повлекувањето на Бајден од кампањата, Вучиќ рече „дека пред два дена кажал дека токму тоа ќе се случи“.„Разговарав со луѓе во Лондон и Америка. Ќе ви кажам една тајна, Камала Харис не би имала голема шанса против Доналд Трамп, но ова ќе биде една од најнеизвесните трки. Мислам дека беше донесена многу мудра одлука во штабот на демократите, во кампањата да се вклучи Мишел Обама Поточно, кандидат ќе биде Камала Харис, Мишел Обама ќе ја носи, а популарноста на Мишел Обама ќе се префрли на Камала Харис“, рече Вучиќ.Како што додаде, Камала Харис „ја нема таа емоција и харизма што би можеле да го придобијат мнозинството над Трамп, но Мишел Обама ги има“.„Тоа е дел од договорот што е направен, ве известувам затоа што знам, а не затоа што сум психички. Ќе ја видите нејзината голема улога во оваа кампања и тоа ќе ги направи овие избори исклучително интересни“, изјави Вучиќ и додаде:„Ја запознав Камала Харис во Минхен, таа е толку енергична и жива жена, што очекуваат од неа да придонесе за огромниот раст на популарноста кај афро-американското население“, додаде Вучиќ.Да потсетиме дека во изјавата споделена на социјалната мрежа X, претседателот Бајден рече дека „во најдобар интерес на неговата партија е тој да се пензионира и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат“.Интересно е што иако ни најблиските соработници на Бајден до неделата не знаеле за неговата одлука да се пензионира, Вучиќ тврди дека сето тоа го знаел пред два дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: