Сопругата на Жељко Јоксимовиќ во заносен фустан блесна како филмска дива во Италија, на Италијаните им паднаа вилиците до земја (Фото)

Јована и Жељко Јоксимовиќ позираа заедно на настан во Италија, а таа како и секогаш ги воодушеви следбениците со својот изглед.Познатата српска водителка Јована Јоксимовиќ ги украде срцата на гледачите ширум регионот, а публиката ја сака не само поради нејзината харизма, туку и поради убавината што ја поседува.Иако на телевизија е секогаш дотерана и нашминкана, веќе неколку пати ја видовме сосема природно, но сега објави фотографии од Италија на кои изгледа беспрекорно.Таа носеше елегантен долг црн фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а позираше и со сопругот, регионалната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, кој избра исто толку елегантен костум. View this post on Instagram A post shared by Jovana Joksimovic (@jjovanajoksimovic)„Убава си“, „Јована ја обожавам, убава е во секоја смисла“, „Најубава жена!“, беа коментарите.Да потсетиме, Јована е во брак со Жељко од 2012 година и заедно имаат три деца, синот Коста и близнаците Ана и Срна, а пејачот од првиот брак со поранешната сопруга Весна ја има ќерката Мина.

Пронајдете не на следниве мрежи: