ПРЕТРЕС во Академијата за судии и јавни обвинители: Се одземаат мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители

По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција попладнето во Академијата за судии и јавни обвинители се врши претрес.

Се одземаат електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дејствијата се во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: