Зголемена референтна каматна стапка

Централната банка на Русија ја подигна референтната каматна стапка на највисоко ниво во последните две години, истакнувајќи дека инфлацијата се забрза и се развива значително над априлската прогноза.Банката ја зголеми стапката на 18% за да се бори против зголемената инфлација во економијата погодена од западните санкции поради нејзината инвазија на Украина.– Растот на домашната побарувачка продолжува да ги надминува можностите за проширување на понудата на стоки и услуги. За да почне повторно да се намалува инфлацијата мора дополнително да се заострува монетарната политика – се наведува во соопштението на банката.Се додава дека годишната инфлација, поттикната од високите инфлаторни очекувања и променливите трговски услови како резултат на „геополитичките тензии“, се зголеми од 8,6 отсто во јуни на 9 отсто во јули.Банката ја ревидираше прогнозата за инфлацијата за годинава на 6,5 до 7% и најави дека на претстојните состаноци ќе ја разгледа потребата од дополнително зголемување на референтната каматна стапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: