ОРБАН ПРЕДВИДУВА: Ова ќе биде новиот центар на светот, процесот на промени е неизбежен

Азија ќе стане доминантен центар на светот, БРИКС и Шангајската организација за соработка (ШСО) ќе послужат како институционална основа на новиот светски поредок, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на својот говор во романскиот град Баиле Тушнад.– Она со што сега се соочуваме е промена на светскиот систем. Ова е процес кој започнува од Азија – рече Орбан.Во наредните децении, а можеби и векови, „доминантен центар на светот ќе биде Азија: Кина, Индија, Пакистан, Индонезија“, посочи тој.Орбан го нарече овој процес неизбежен бидејќи Азија веќе има „демографска, технолошка и капитална предност“.Групата БРИКС е основана во 2009 година и првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка и се приклучи во 2011 година.Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија официјално станаа полноправни членки на 1 јануари 2024 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: