Спикерот Африм Гаши и заменикот во МВР Астрит Исени се одговорни за скандалот на скопскиот аеродром

Демократската унија за интеграција оценува дека Кабинетот на претседателката на Косово ги открил сите инфантилни лаги на функционерите на ВРЕДИ кои се обиделе да го премолчат и минимизираат скандалозниот инцидент на скопскиот аеродром.

„Ексонентите на ВРЕДИ не само што различно го толкуваа настанот и бараа оправдување, туку беа демнатирани од Кабинетот на Вјоса Османи, од МВР и од концесионерот ТАВ. Дивото и недозволиво однесување на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието по налог на Африм Гаши, како и институционалното незнаење на Астрит Исен, кој не ни бил информиран за скандалот е неприфатливо. Овој скандал мора да се расчисти до крај и веднаш да сносат политичка одговорност нелегитимните узурпатори на институциите, Астрит Исени од МВР и Африм Гаши од Собранието“, пишува во соопштението до медиумите на ДУИ.

Според ДУИ, Албанците не се ниту заштитени, ниту адекватно застапени во моноетничката власт а ВРЕДИ како губитниците на претседателските и на парламентарните избори се целосно потчинети и сервилни.

„Нема да дозволиме понижување и срам за Албанците од вазалите и миленици на ВМРО ДПМНЕ, а не на народот“, велат од ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.