Шест пожари се активни, дождот не е од голема корист

Во текот на денешниот ден досега имаме 17 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, додека пет се ставени под целосна контрола. Во овој момент имаме шест активни пожари, изјави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Првиот и најсложен пожар за гаснење на територијата на Општина Македонски Брод е пожарот во атарот на селата Тажево и Брезница, со кракот кон Јасен, пожар кој што беснее повеќе денови.

Дождот којшто денеска заврна во мала количина не го изгасна овој пожар и тој продолжува со горење. На ова место делува тимот од 40 лица од Унгарија со специјални теренски возила, како и 50 припадници на македонската Армија, поддржани со воздухоплови, рече Ангелов.

Тој информираше дека вториот сложен пожар е пожарот на територија на Општина Пробиштип, поточно на Осоговските планини, којшто беснее во атарот на село Зеленград, врз кој е  воспоставена делумна контрола.

На ова место денес дејствувавме со концетриран напад со повеќе хеликоптери, онолку колку што можевме максимум да испратиме. На територија на Општина Демир Хисар имаме пожар на Илинска планина, многу непријатен пожар кој што исто така гори неколку дена. Во текот на вчерашниот ден дејствувавме со „ер трактори“, но се создаваше густ црн чад, кој што го отежнуваше летањето на леталата и ја загрозуваше нивната безбедност, поради што моравме да прекинеме со гаснење од воздух. Во овој момент таму дејствуваат сили од земја, рече Ангелов.

Тој додаде дека има уште еден пожар во Општина Пласница, кај село Пласница каде што се гаси од земја. Како што рече, пожарот во близина на Охрид кој што избувна во атарот на село Косел денес повторно се активираше, предизвикува вознемиреност кај населението, се движи во насока на Ресен, но не претставува закана по ниту едно населено место.

Иако има повеќе од сто луѓе кои што гаснат на земја, едноставно проади ветерот во еден момент се изгуби контролата врз овој пожар. Последниот активен пожар е на територијата на Општина Долнени и село Лажани и тој се гаси од земја, гори ниска вегетација. Под контрола имаме пет пожари на територија на Општина Кратово, Кочани, Македонски Брод, Свети Николе и Пробиштип, додаде Ангелов.

Тој напомена дека се изгаснати целосно шест пожари од кои што два на територија на градот Скопје, кои што во доцните попладневни часови во текот на вчерашниот ден предизвикуваа вознемиреност кај граѓаните, пожарот во Општина Зелениково и Студеничани.

Ангелов посочи дека во овој момент со европскиот механизам за заштита и спасување на територија на државата  во гаснењето на пожарите помага еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, како и два „ер трактори“ од Шведска и два од Германија. Воедно, како што потенцираше, на помош е пристигнат тим од Унгарија со 46 лица со специјални теренски возила, со кои што може да се движат потешко пристапни предели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.