Курти ќе се сретне со Мицкоски во понеделник?

Косовскиот премиер Албин Курти се очекува во понеделник, 5 август, да престојува во официјална посета на Македонија.

Министерот за здравство во Македонија, Арбен Таравари, во кус одговор за Албаниан пост, рече дека врз основа на информациите со кои располага, се очекува Курти на почетокот на неделата да дојде во официјална посета на Скопје.

„Колку што знам, премиерот Курти доаѓа во Македонија во понеделник“, изјави кусо тој за Албаниан пост.

Ваквата посета се уште не е потврдена од кабинетот на премиерот.

Иако се уште нема детали за евентуалната посета на Курти на Македонија, премиерот за време на престојот во Скопје се очекува да се сретне и со премиерот на Христијан Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.