Бајден и европските сојузници го повикаа Иран да ја повлече својата закана за напад на Израел

Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во заедничка изјава го повикаа Иран да ја повлече својата закана за напад на Израел, објави Белата куќа.

Во време на растечките тензии на Блискиот Исток, тие разговараа за сериозните последици, од можниот напад, за регионалната безбедност, се вели во соопштението од Белата куќа.

„Го повикавме Иран да ги повлече своите закани за воен напад врз Израел и разговаравме за сериозните последици за регионалната безбедност доколку се случи таков напад“, рекоа лидерите по заедничкиот телефонски разговор, изразувајќи поддршка за одбраната на Израел против Иран и неговиот сојузници.

Во исто време тие повикаа на испорака и дистрибуција на помош за Газа, пренесува „Н1“.

Пронајдете не на следниве мрежи: