Мицковски излези од деструктивниот филм и деблокирај го Скопје

Мицковски нема кредибилитет да зборува за кадровска политика. Особено не откако назначи бивш затвореник за заменик директор на затвор. Или кога назначи главен ревизор за ЕУ фондови, па го разреши за неколку дена.
Мицковски нема кредибилитет да зборува за ветувања, особено не откако го призна Преспанскиот договор за реалност, иако три години ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го врати името.
Мицкоски повеќе од 2 години е власт во градот Скопје, а сега и во Македонија, затоа наместо да нарачува и да се крие позади партиски соопштенија полни со клевети, уште еднаш го повикуваме да престане со две ипол годишната деструктивна политика на целосна блокада на главниот град преку неговите управни одбори и советници. Ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот совет наредбата наместо да се блокира да биде да гласаат за спроведување на проектите кои Арсовска и Мицковски заедно ги ветија на граѓаните.
Мицковски можеше и сеуште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Се што треба да направи за да го одблокира градот е да испрати СМС порака на неговите експоненти во градот од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата.
И за крај, Владата четврта година по ред ја нема платено обврската кон ЈСП за студентскиот стандард. Наместо тоа, еве сега има можност да плати рата за автобусите на Шилегов за кои ВМРО-ДПМНЕ гласаше тој да ги набави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.