Ќе дојде ли заладувањето кај нас: Обилни врнежи во Црна Гора и Хрватска

Делови од Црна Гора и Хрватска денеска беа погодени од силно невреме.

Во градот Беране во Црна Гора падна дожд проследен со град, додека северниот и централниот дел на Истра во Хрватска беа погодени од невреме со грмежи, град и пороен дожд.

Првичните информации покажуваат дека невремето не предизвикало поголема материјална штета.

Поради невремето, температурите во северниот и централниот дел на Истра паднале за околу десет степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.