четврток, 12 ноември 2026
Најново

Раздорот меѓу браќата расте: Вилијам донел неотповиклива одлука

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Принцот Вилијам не планира да го покани својот помлад брат Хари на неговото крунисување кога ќе дојде време.Имено, браќата веќе некое време не се блиски, а се верува дека не разговарале речиси две години.“Оваа година тој е фокусиран на сопругата, децата и таткото. Неговиот брат не е нешто за што да се разговара”, рекол извор за Daily Mail.И на кралот Чарлс и на принцезата Кејт им беше дијагностициран рак. Хари и Меган наводно дознале за дијагнозата на Кејт во исто време со пошироката јавност.Синот на Трамп ги критикуваДа потсетиме, Ерик Трамп, синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, неодамна ги нарече Хари и Меган Маркл „разгалени“ и навести дека може да ги депортира. „Слободно можеш да ги вратиш тие двајца. Ќе бидеме среќни да ги испратиме од Америка. Можеш да ги вратиш, но не сум сигурен дека ги сакаш повеќе. Можеби и ние не ги сакаме повеќе. “ изјави тој за GB News.Проблеми за Хари и МеганНеодамна, нивниот шеф на кабинет исто така поднесе оставка по само три месеци.Џош Кетлер повеќе не работи за нив“, изјавил извор за Дејли Меил. Разрешувањето на шефот на кабинет е особен удар за Хари и Меган бидејќи тој требаше да ги придружува на турнејата во Богота, Колумбија, која започнува оваа недела.Отпуштањето уште еднаш на преден план ги изнесува предизвиците со кои се соочува парот во одржувањето на нивниот персонал. Имено, од нивната венчавка во 2018 година, својот тим го напуштиле најмалку 18 вработени.

Поврзани вести