БОРA ЧОРБA ГИ ОТКАЖА НАСТАПИТЕ ПОРАДИ ЛОШО ЗДРАВЈЕ: Се огласија од групата: Ќе ја победиме болеста

Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, ги откажа сите настапи до понатамошно известување, поради лоша здравствена состојба, објавија на Фејсбук групата на бендот.– Поради нарушено здравје, лекарите му забранија да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако како и секогаш ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави ќе се видиме на нови собири – објавија на социјалната мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи: