СДСМ: Јаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти

Откако го призна проблемот со личните асистенти Весна Јаневска се обидува да се оправда со тоа што обвинува други, реагираат од СДСМ.

– Сите и се криви на Весна Јаневска, денеска ги обвинува училиштата, директорите, а таа не им ги продолжи договорите на личните асистенти.

Без согласност од МОН не можат ресурсните центри да објават оглас и сосема е јасно дека вината е кај Весна Јаневска.

Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти. – велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: