Таму се најубавите библиотеки во Европа, кои дефинитивно вреди да се посетат.Најубавите библиотеки во Европа изненадуваат со својата различност.Од раскошни барокни сали до модерни архитектонски чуда, овие библиотеки фасцинираат со својата убавина и елеганција и нудат уникатно искуство за секој посетител.Еве ги најубавите библиотеки во Европа:Главната градска библиотека во СтокхолмГлавната градска библиотека е на само 15 минути пешачење северно од центарот на градот. Библиотеката се наоѓа во релаксираната област Васастан во Стокхолм.Архитектот Ерик Гунар Асплунда создаде заоблена читална, која е пример за стокхолмскиот неокласичен стил од 1920-тите. Универзитетска библиотека во ВаршаваУниверзитетската библиотека датира од 1816 година, а новата зграда беше свечено отворена во 1999 година.Зелените решетки во читалната и розовите детали долж бакарната фасада ја прават зградата величествена и разиграна, додека густиот бршлен се качува по ѕидовите кон терасата со четири одделни, подеднакво бујни градини.Влезот во библиотеката содржи блокови со записи на различни јазици, вклучувајќи го и текстот на Платон на старогрчки и еден на стар полски јазик.Библиотека на колеџот Тринити во ДаблинИсторијата на библиотеката датира од основањето на колеџот во 1592 година. Ова е најголемата библиотека во Ирска.Библиотеката содржи повеќе од 6 милиони печатени тома со обемни збирки на списанија, ракописи и разни мапи.Најпознат дел од библиотеката е салата со должина од 65 метри. Исто така, во библиотеката се чува и ракописот „Книга на Келсо“ стар 1200 години. Библиотека во Мафра во ПортугалијаОваа барокна библиотека од 18 век се наоѓа во малиот град Мафра во Португалија и содржи повеќе од 36.000 тома стари ракописи и книги на различни теми како што се историја, право, филозофија, медицина и теологија.Оваа библиотека има необични жители; во текот на денот, колонија на лилјаци спие зад полици за книги или надвор во градината на палатата.Библиотеката во манастирот Страхов во ПрагаБиблиотеката на манастирот во Страхов е една од највредните и најсочуваните историски библиотеки – нејзината колекција се состои од околу 200.000 тома книги.Најстариот дел од библиотеката, барокната семинарска сала, е основана помеѓу 1671 и 1674 година. Во двете сали доминираат прекрасни фрески на таванот. Библиотеката на манастирот Адмонт во АвстријаБиблиотеката Адмонт се наоѓа во Адмонт, мал град покрај реката Ен во Австрија.Ова е најголемата манастирска библиотека во светот, а позната е по својата барокна уметност, архитектура и ракописи. Завршена е во 1776 година, а изградена е во позлатен стил на доцниот барок.Елегантниот бел ентериер има розови и златни детали. Библиотеката е убаво уредена, а белите двокатни полици за книги се исполнети до крај со теолошки книги.Библиотека Јоанина во Коимбра, ПортугалијаИзградена на почетокот на осумнаесеттиот век по наредба на португалскиот крал, библиотеката Јоанина е наменета за складирање на книгите на Универзитетот во Коимбра.Библиотеката била изградена во дворот на универзитетот на урнатините на средновековниот кралски затвор. Содржи 60 илјади книги, од периодот од 16 до 18 век. Библиотека на Кралскиот манастир Ескоријал во ШпанијаБиблиотеката на манастирот Сан Лоренцо де Ел Ескоријал е голема шпанска ренесансна библиотека основана од Филип II.Се наоѓа во градот Сан Лоренцо де Ел Ескоријал и е дел од наследството на манастирот Ел Ескориал. Самиот Ескориал е најголемата ренесансна зграда во светот.Тоа е едно од кралските места во Шпанија и функционира како манастир, базилика, кралска палата, пантеон, библиотека, музеј, универзитет, училиште и болница.Библиотеката содржи 4.700 ракописи и 40.000 печатени книги.
Пронајдете не на следниве мрежи: