Ѓорческа ќе игра полуфинале во двојки на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се израдува на уште една победа во игра на двојки на Челинџер турнирот во Љубљана.

Ѓорческа настапува заедно со Џил Тајхман од Швајцарија, комбинација која денеска со пресврт славеше над Каралина Кубанова и Анета Лабоуткова.

Парот од Чешка беше убедлив во првиот сет и истиот го реализираше со 6-2. Ова дефинитивно ги разбуди Лина и Џил кои постојано беа чекор понапред во однос на противникот во втората рунда, ама на крајот се решаваше во тај-брејк кој заврши со 7-5.

Во решавачкиот сет Ѓорческа и Тајхман славеа со 10-5 и закажаа полуфинале со првите носителки Анастасија Детиук (Чешка) и Естел Касино (Франција).

Пронајдете не на следниве мрежи: