Хактан до Сиљановска: Симболите и наративите создаваат и одржуваат хегемонистичка моќ и влијание

Овие што мислат дека не е ништо сериозно тоа што Бугарија, при официјален и протоколарен прием на Претседателот на македонската Република, не го истакнала македонското знаме, ги упатувам на Едвард Саид, Грамши, Фуко па и Бодриар, да видат како симболите и наративите создаваат и одржуваат хегемонистичка моќ и влијание, пишува на Фејсбук пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил Хактан.

– Ако малку повеќе се задлабочат ќе видат како моќта и знаење во контекст на идентитетот и симболиката се рефлектираат како колективна свест (политичка култура) на една нација/народ, а поразот на симболичното ниво покажува колку поетнцијалот за отпор (не)постои.

Поразите, мои отмени дами и господа, на симболичко ниво можат да доведат до ерозија на колективниот идентитет, а најчесто, таквите порази се и последен доказ за негово постоење.

Културна хегемонија, теорија развиена од Антонио Грамши, се однесува на начините на кои доминантните култури успеваат да го одржат својот статус и влијание во општеството преку симболи, вредности и идеологии, од кои симболичката хегемонија е последната фаза.

Односно, културнолошките симболи, наративи и практики играат клучна улога во формирањето на колективниот идентитет. Доминантната култура ги користи овие симболи за да ги легитимира своите вредности и да создаде согласност [и да супресира било каков отпор) при импонирање на своите интереси. – напиша Хактан на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: