Деца учат во џамија, Јаневска не знае, ВЛЕН не се откажува да ги испраќа децата во џамија

Министерството за образование и наука немало информација дека во Чашка учениците ќе учат во верски објект, велат од МОН за Инфомакс, откако претходно Порталот Х објави видео-сторија за ситуацијата во Чашка.

– Организирањето на воспитно – образовниот процес на локално ниво е надлежност на општината и градоначалникот. До МОН не е пристигната информација дека наставата за дел од учениците во Чашка се организира во објект кој нема образовна дејност.

МОН во селото Бањица ќе гради ново училиште и постапката е во тек. Во моментов се разгледуваат пристигнатите понуди од економски оператори. По целосно завршување на процедурата, ќе започнат активностите на терен, каде веќе е изградена бетонска платформа за подигнување на објектот, кој би бил готов за 2 месеци. – велат од МОН.

Учениците од Чашка буквите ќе ги учат во мектеб, заменик министерот не смета дека се крши секуларноста, објави Порталот Х на Фејсбук.

Како МОН како официјална институција не знаело, а заменикот министер знаел, останува нејасно бидеји во разговор со Портал Х заменикот-министер во МОН истакнува дека е нормално учениците да учат во џамија и дека секуларноста не е прекршена, но на таквата одлука реагираат и родителите на децата, кои се муслимани и се свесни дека учениците не можат да учат во џамијата.

Инаку се работи за учениците кои не можат да имаат настава на албански јазик во Чашка поради протестите на останатите родители. Државата наместо да им направи соодветен објект на учениците, тие ги сместуваат во џамија.

Инаку министерката Јаневска до овој момент нема одговорено на прашањето поставено лично до неа, како ја коментира оваа ситуација и дали смета дека е прекршена секуларноста, исто така не добивме одговор колку време учениците ќе учат во џамија и кој го дозволил тоа.

ЛИНК од видеото на Портал Х

Пронајдете не на следниве мрежи: